Погледни во месечината.
Сети се на мене.
Да те сакам секој ден се повеќе и повеќе.
Овие километри не значат ништо.
Нашата љубов е посилна.
Пушти ја нашата песна,тивко,речиси нечујно.
Дозволи му на твоето срце да ја почувствува топлината која ти ја испраќам преку песната,
Отпиј една голтка од старото црвено вино.
Повлечи дим од цигарата.
Помисли на мене.
Не си сам.
Твоја сум.
Со тебе сум.
Сега.
И засекогаш.
-Д.М.
-Оди си. Послушај ги другите што ти зборат, дека не сум за тебе, дека сум лош, дека само ќе те повредам. И вистина е никогаш нема да те третирам како што залсужуваш, никогаш нема да те сакам колко што треба, никогаш нема да ти посветам доволно внимание.. Ете таков сум и не можам да се сменам. Но ти можеш да заминеш, сеуште ја имаш таа можност.. Замини лесно ќе најдеш некој подобар од мене што ќе те сака и што ќе те заслужува. Оди си, само тоа го барам од тебе.. Не сакам и тебе да те упропастам..
– Те сакам.
– Што гледаш на мене? Губитник ете тоа сум, не заслужуваш ти да се најдеш покрај таков лузер.. Тебе ти треба некој што ќе те чува и ќе те пази од другите, а не да не ти се јавува со денови и на крај да се појави со некој глуп изговор во кој ни најголемата будала не би поверувала.. Знам дека знаеш што се правам и дека сум идиот и глуп и те молам оди си..Продолжи напред, побрзај кон подобриот живот, не губи го времето залудно со мене. Ако сакаш да знаеш не те сакам, и никогаш не сум те сакал, само го губам времето со тебе, колку да не ми биде досадно.. И никогаш нема да те засакам, не припаѓам јас во твојот свет како што ни ти не припаѓаш во мојот. Ако тоа ќе те натера да заминеш ете ти повторувам НЕ ТЕ САКАМ ВООПШТО.
-Знам дека ме лажеш, се обидуваш и самиот себе си да се излажеш..Не барам од тебе да се промениш само да бидеш покрај мене.. И немора да ме сакаш, јас те сакам и покрај тоа.
‘Можеби тој ќе те повреди како што ти ме повреди, ќе замине без да ти каже збогум, лесно ќе те замени со некоја друга. Можеби ќе се однесува како ти со мене, како да не постоиш, како да не те сака, како да не припаѓаш во неговиот живот на начин на кој би сакала. Ќе те отфрли како ѓубре, ќе те натера да молиш и да плачеш, да допреш до дното и да отиде што подалеку за да не те гледа. Можеби со неа ќе помине крај тебе и ќе ти се насмее победнички додека ти си на раб до солзите…‘
‘Чекај, застани. Ти сето ова на мене ми го кажуваш само затоа што јас си заминав од тебе и сакаш мене истото да ми се случи?‘
‘Тебе ти посакувам се најдобро и не сакам ништо од ова да ти се случи но кругот се врти, не прави го она што не сакаш да ти го прават.. Така беше, нели? Ти постојано тоа ми го велеше.. Не се обидувам со ова да те вратам крај мене.. Ете ми помина, добар сум ја, најдов решение.. Без секој се може ако се сака.. Успеав.. продолжив и после тебе, сега среќен сум и сам, не ми треба никој за тоа.. Но тебе ќе ти треба, ти не знаеш како да застанеш на свои нозе ако нема никој крај тебе.. Ќе пропаѓаш а тој ќе те гледа.. Замини додека имаш време, не е тој за тебе, исто како што ни ти не беше за мене.‘
Заборави
Заборави дека те сакав.
Заборави дека ми беше се.
Заборави дека ти си мојот живот.
Заборави дека сите мои соништа ти беа посветени тебе.
Заборави да се сетиш на мене само кога ќе ти биде тешко.
Заборави дека бев крај тебе најмногу ти требаше некој.
Заборави да заплачеш кога некој ќе ме спомне.
Заборави се, продолжи понатаму како и да не сме постоеле, како нашата љубов да се нема случено, како јас да не бев твој ниту ти беше моја.
Брод што тоне
-Гледај во бродот што тоне пред нашиве очи. Зарем не те потсеќа на нас и нашата љубов? -тивко зборуваше со погледот вперен во бродот, додека се обидуваше да ја намести косата со која ветерот умешно си играше.
-Што зборуваш? – и по гласот му се забележуваше дека е изненаден од нејзината константација, со испалшен поглед гледаше момент во бродот момент во неа.
-Немој да ми кажеш дека не чувствуваш дека нашата љубов се губи полека? -иронично се насмеа вперувајќи го својот поглед кон неговите исплашени сини очи.
20.11.2014
ААААА! Да можам би вриснала од среќа, толку силно за целиот свет да слушне и сета тага да ја соберам. Поточно можам, но не сакам на 16-годишна возраст да завршам во лудница.
Леле пресреќна сум, не можам да опишам колку. Да го видов. Им реков на сите дека чувствувам дека нема да заврши се на само едно видување, дека ќе се случи повторно и повторно. А како одговор добив од нив ‘Не надевај се попусто, егото си игра со тебе, и самата знаеш дека ќе остане на само тоа видување и се е толку случајно. Можеби насмевката не била за тебе, се смеел на нешто што зборувал со колегите. Не биди толку оптимист,гледај и на негативните работи‘.
Искрено и самата себе си неколкупати се прекорив дека можеби грешам и дека премногу се надевам, но сепак длабоко во себе чувтвував нешто.
Го избрав подолгиот пат до посакуваното место со цел да поминам на местото каде што го видов пред неколку дена. Веднаш со првиот чекор кон тој дел од болницата почувствував како нешто ми се превртува во стомакот.Полека чекорев, чекот пред чекор. За кога ќе поминам ако е тука да го ‘скренирам‘ подобро и ја си ја освежам меморијата. И пократ големиот број ‘урагани‘ во мојот стомак го немаше па разочарано продолжив понатаму. Иако знаев дека на враќање ќе го видам, расположението забележително ми се промени.
Додека чекав во редицата,како што се намалуваше, се повеќе и повеќе ги чувствував оние ‘урагани‘ а неговата насмевка ми се појавуваше пред очи. Знаев дека тоа е добар знак и со нетрпение очекував што побргу да завршам.
И бев во право. Се вратив по истиот пат по кој и дојдев. И го видов стоеше со цигарата во една рака а телефонот во друга. Ми изгледаше дури и посовршен и од првиот пат кога го видов.
Единствено чувство за кое знаев во моментот беше среќа. Не беше тоа прв пат да бидам среќна, едноставно оваа среќа беше поинаква,посебна.Како да речам се чувствував задоволна самата од себе, исполнета со позитивна енергија која мислев дека зрачи на километар около мене. Знам дека не беше ништо посебно, само го видов и тоа на кратко, но сепак ми се исполни желбата, она што го очекував и на кое се надевав стана реалност,дозволувајќи ми во тој момент да бидам најсреќната личност.
19.11.2014
После долго време еве ме повторно со дневник и пенкало во рака. Добро е чувството да напиеш што се ти се врти по главата и да се ослободиш, бидејќи знаеш дека овој лист хартија нема да те осудува за твоите постапки.
Едноставно не знам, не знам што ми е, но знам дека ми е нешто а исто така знам дека дека ќе дознаам со тек на пишувањето и ослободувањето на моите мисли.
Опседната сум со еден странец, што демек случајно го видов а намерно ми е во мисливе последниве 3 дена. Постепено ми бледее неговиот лик, но сеуште го чувствувам во мене. Сеуште ја помнам таа прекрасна насмевка наменета само за мене, сеуште го помнам тој поглед кој тогаш не ми значеше ништо, но сега ме остава без спиење во долгите ноќи. Знам дека тоа беа само 5 минути и дека на некој не би му значеле ништо, но јас чувствувам нешто, нешто поинаку, нешто посебно. Едноставно имам чувство дека ќе се случи нешто и повторно ќе се видиме, дека можеби тој ќе ме побара. Можеби грешам, но можеби и не..кој знае.
И ми останува само да чекам, да му дозволам на времето да докаже до каде води овој заплет.А си реков себеси ‘остави ќе помине, како досега да не си видела згодни момци на пешачките премини кои ти возвратиле со насмевка,и што се случи со нив-ништо..е така и со овој‘. Ама длабоко во себе знам дека не е така. Кога и да помислам на тоа, неговата насмевка ми се појавува пред очи која ми влева надеж да не се откажам,да се надевам дека следниот ден ќе биде денот кога повторно ќе го видам.